Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Монпелје сигурен на подготовката пред Вардар
Монпелје сигурен на подготовката пред Вардар

Монпелје сигурен на подготовката пред Вардар

Исто како и нашиот Вардар, така и тимот на Монпелје вчера забележа победа што беше главна подготовка и за европскиот шампион пред најважниот дуел за нив сезонава, во сабота во Скопје.

Монпелје како гостин го победи седмо пласираниот тим во француската лига Сент Рафаел со резултат 24-32 (10-19). Уште по првиот дел Монпелје го реши прашањето околу победникот на овој дуел. Во вториот дел, Канаје ги одмори главните играчи со што ги зачува максимално пред саботниот дуел во Скопје кој е од исклучителна важност за неговиот тим.

Со оваа победа, сега Монпелје се искачи на втората позиција пред Нант кој има натпревар помалку.