Силниот турнир се одржува секоја година во Минск , Белорусија во чест на легендарниот трикратен Олимписки победник Александар Медвед .
Ова е првпат еден Македонец да биде победник на овој елитен боречки турнир.
До финалето Нуров убедливо ги победи сите соперници (двајца репрезентативци од Белорусија и двајца репрезентативци од Русија ).
Нуров е во врвна форма пред Олимписките квалификациони турнири , да се надеваме дека ќе освои олимписка норма за Париз 2024.