Денеска во 11:45 часот на аеродромот „Александар Велик“, пристигнува нашиот медалист од Светското Првенство во Казахстан МАГА НУРОВ. Вардарецот покрај „бронзата“ од СП во Казакстан успеа да обезбеди и Олимписка норма за Македонија прв пат по 12 години.
Најверојатно би требало претседателот на ФБСМ да организира пречек и прием во Агенцијата за млади и спорт кај директорот Дарко Каевски. Ги покануваме сите Вардарци, љубители и симпатизери да се приклучат на овој свечен чин.