Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јакимовски ќе им суди на Вардар и Шкендија

Јакимовски ќе им суди на Вардар и Шкендија

Јакимовски Дејан од Скопје е делегиран да го суди најинтересниот натпревар од 1/8 финалето во фудбалскиот Куп на Македонија. На Јакимовски ќе му помагаат Василевски Даниел и Иваноски Бојан од Скопје, додека пак четврти судија ќе биде Стојчевски Игор. Кранли Емин од Ресен ќе биде делегат, а пак Илиоски Петре од Прилеп контролор на судењето.

Дуелот утре, на Вардар и Шкендија, ќе биде одигран на градскиот стадион во Скопје со почеток од 15 и 30 часот. Очекуваме еден интересен дуел на лидерот на табелата Вардар и тетовска Шкендија.