Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров и Писонеро: На мечот со Нексе сите играчи ќе добијат прилика
Дибиров и Писонеро: На мечот со Нексе сите играчи ќе добијат прилика

Дибиров и Писонеро: На мечот со Нексе сите играчи ќе добијат прилика

За ракометарите на европскиот првак, РК Вардар нема одмор, веќе  утре вечер (вторник, 20,45 часот, СЦ „Јане Сандански”) гостува Нексе, хрватскиот вицепрвак. По тој повод на денешната прес-конференција тренерот и заменик капитенот дадоа свои видувања за оваа средба:

„ Вчера одигравме многу тешка средба против екипата на Порто. Сметам дека не очекува исто така силен натпревар и утре против тимот на Нексе. За нас победата е најважна и е приоритет. Сакам овој пат за разлика од вчерашниот меч кој беше исцрпувачки да играат повеќе ракометари. На вакви средби и помладите можат да добијат шанса. Сакам да ги пробам и сите пивоти, но и сите ракометари на другите позиции. Се надевам дека сите ќе имаат можност, но тоа ќе зависи од текот на натпреварот и од резултатот. Имаме тежок распоред и треба да играат сите ракометари- вели Давид Писонеро.

„Нексе загуби во првите два меча, но не е наивен тим. Станува збор за незгодна екипа. Загуби важни ракометари како Шипиќ и Гаџа и сигурно има причина зошто не стартуваа како што сакаа. Тоа е секогаш незгоден ривал за нас. Нашите дуели секогаш биле тешки и со тесен резултат. Играат ракомет кој не им одговара на сите екпи. Ние сме фаворити и мораме да се носиме со таа улога. Очекувам да биде тешко и екипата на Нексе сигурно ќе дојде со желба за да се рехабилитира за првите два порази. Сигурен сум дека ќе биде добро за нас. Сите играчи ќе добијат шанса. Кога имаш натпревари секој трет ден мораш да ги ротираш сите играчи за да можеш да ги имаш сите на високо ниво- вели Дибиров.

Билетите за натпреварот Вардар – Нексе се веќе во продажба, на билетарницата на Сц „Јане Сандански” и преку www.ticketplus.mk