Започнуваат пролетните возбудувања и во машката сениорска одбојкарска конкуренција. Пред црвено-црните одбојкари овој викенд е сериозeн предизвик.
ОК Вардар ќе биде домаќин на тимот од Пробиштип, екипата на ОК Весна А. Дуелот е закажан за задутре, сабота 15.фебруари. Натпреварот кој ќе се игра во Спортски центар “Кале“ (мала сала) ќе започне во 17-00 часот. Да напоменеме во пролетниот дел ние влегуваме како актуелен лидер во машкиот одбојкарски шампионат.