Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алушовски: Ги повикувам сите навивачи на Вардар да дојдат во сабота и да ни дадат поддршка
Алушовски: Ги повикувам сите навивачи на Вардар да дојдат во сабота и да ни дадат поддршка

Алушовски: Ги повикувам сите навивачи на Вардар да дојдат во сабота и да ни дадат поддршка

Во сабота, Вардар на домашен терен ќе го одигра натреварот од Лигата на Шампионите против екипата на Мотор Запорожје. Со евентуална победа, црвено-црните можат после одигрување на ова 12.коло и да го заверат пласманот во осминафиналната рунда. Денес, клубот одржа прес-конференција на која ги изнесе очекувањата за овој дуел, на истата говореше шефот на стручниот штаб, Стевче Алушовски, кој истакна дека и покрај проблемите неговиот тим е подготвен да победи.

-Имаме проблеми со играчиот кадар, но максимално сме фокусирани без разлика на проблемите. Играме на домашен терен и треба да го дадеме максимумот. Ги повикувам сите љубители на ракометот и навивачи на Вардар да дојдат и да ни дадат поддршка. Со оваа победа дефинитивно ќе пласираме во осминафиналето. Мотор е сериозна екипа, која секако ќе дојде со амбиции да победи, но ние сме актуелен европски првак и се надевам дека ќе го прикажеме најдоброто од себе.

Мечот во сабота ќе се одигра со почеток од 17:30 часот, се надеваме пред преполни трибини во С.Ц. Јане Сандански.