Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Убедлив старт на турнирот „Пирин Куп“ за пом.пионери на ФК Вардар
Убедлив старт на турнирот „Пирин Куп“ за пом.пионери на ФК Вардар

Убедлив старт на турнирот „Пирин Куп“ за пом.пионери на ФК Вардар

Помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар со висока победа стартуваа на турнирот „Пирин Куп“.

Денес во рамките на првото коло избраниците на Рап-Тап убедливо ја победија екипата на Хебар од Бугарија со конечен резултат 8:0. Одличен натпревар за нашите млади надежи кои беа многу поквалитетната екипа на теренот. Уште во првото полувреме ги решивме дилемите за конечниот победник, кога имавме високо водство од 6:0. Во вториот дел тренерот им даде шанса на сите играчи, а паднаа уште два голови во противничката мрежа.

Огнен Здравковски беше играчот кој постигна хет-трик, додека два гола постигна Теодор Перковски и Левент Ибраим. Во листата на стрелци се запиша уште и Давид Љушев.

Вардар: Ангелов, Ричков, Љушев (c), Милошевски, Каровски, Хајдари, Стоимов, Здравковски, Анчевски, Ибраим и Перковски. 

Влегоа уште Ивановски, Крстевски и Цеков.

Во текот на утрешниот ден ќе ги одиграме останатите два натпревари во рамките на групната фаза. Противници ни се екипите на Димитровград и Черноморец Бургас.