Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар го доби тренинг-мечот со момците од пионерскиот тим

ЖРК Вардар го доби тренинг-мечот со момците од пионерскиот тим

86293465_2821442031420664_5973263021458325504_n

ЖРК Вардар завчера во тест-дуел го совлада РК Спартак со високи 30:10 на меч кој траше само 45.минути, вчера девојките одиграа еден интересен тренинг-натпревар. За ривал младите дами ги имаа момците од РК Вардар пионери. Овој дуел беше со цел подигнување на натпреварувачаката форма пред почетокот на првенствените предизвици на крајот на овој месец.

Првиот дел резултатски беше релативно изедначен, двата црвено-црни тима беа блиску околу резултатската симетрија. Дамите заминаа со минимална предност од еден гол на одмор, тие водеа со резултат 19-18 помеѓу двата периода.  Во вториот дел девојките беа поинвентивни и постигнаа пет погодоци повеќе, односно стрелаа 17.пати во голот на пионерите, нивните чувари на мрежата дозволија само 12 погодока. Крајниот резултат беше логички на страната на тимот на ЖРК Вардар, кој триумфираше во овој тест-натпревар со 36-30.

Прв стрелец во тимот предводен од Ристова, Црвенковска и Царчев беше: Седлоска Андреа со 10 гола, крилото Трпевска Ивона погоди во четири наврати,  капитенот Бојана Диневска имаше три погодока колку и Ана Марија Коларовска која имаше 100% ефект (3/3). По два гола беа запишани зад имињата на: Ана Марија Божниновска,  Катерина Дамјаноска и Стефанија Ѓорѓиевска.

Голманите имаа солидни партии, на овој натпревар. Симона Грујовска исто како со Спартак имаше највеќе одбрани и највисок процент на сопрани удари, таа фати три удара. Другите два “чувари на мрежата“, Јована Трајковска и Илиќ Андреа сопраа по две топки.