Thursday ,12 December 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Одложен стартот на Првата кошаркарска лига
Одложен стартот на Првата кошаркарска лига

Одложен стартот на Првата кошаркарска лига

Вчера, кошаркарската федерација на Македонија излезе со соопштение за одложување на стартот од првенството кој беше закажан за овој викенд. Неколку тима имаат ковид-19 позитивни тестови, помеѓу кој и член на стручен штаб на Вардар. Во соопштението се вели:

Имајќи ја во предвид целокупната епидемиолошка ситуација во земјата и фактот дека бројот на ново заболени секојдневно се зголемува, раководството на КФСМ донесе одлука за одложување на почетокот на натпреварувачката сезона 2020/2021 во Прва лига-мажи, кој првично беше предвиден да биде овој викенд, односно на 10 и 11. октомври.

Во очекување на комплетните резултати од PCR тестирањето за корона вирусот кое го спроведуваме, а со кое беа опфатени сите клубови од Првата лига-мажи, како и официјалните лица, а поради неможноста да се предвиди временската рамка во однос на евентуалниот почеток на првенството, во овој момент не може да се гарантира дека започнувањето на националниот шампионат би имал регуларен тек.

Во наредниот период, федерацијата ќе ја следи состојбата во нашата држава од здравствен аспект. Во консултации со Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, ќе биде донесена одлука за почетокот на натпреварите од Првата лига-мажи.