Екипата на Вардар оваа репрезентативна пауза ја искористи доплнително да го воигра тимот и што е можно подобро да се подготви за идната сабота и дерби дуелот со Шкендија во Скопје.
Попладнево на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, Вардарци против екипата на Македонија Ѓ.П. победија со резултат 1:0, со голот на Дејан Блажевски постигнат од белата точка во 80.минута.
На овој дуел шанса добија повеќе млади играчи, а тука беа и искусните. Во вториот дел, шанса добија пет млади играчи: Парталко, Стојановски, Новевски, Гугуљанов, Ѓорѓоски.
Стартниот состав на Вардар денеска изгледаше вака: Илиќ, Чарлестон, Мартинага, Ѓурковски, Лазаревиќ, Петровиќ, Мицевски, Најденов, Попзлатанов, Цветаноски и Мирчевски.