Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи на ФК Вардар одиграа пријателски натпревари против Фудбал Кидс и Македонија Ѓ.П
Пионерските екипи на ФК Вардар одиграа пријателски натпревари против Фудбал Кидс и Македонија Ѓ.П

Пионерските екипи на ФК Вардар одиграа пријателски натпревари против Фудбал Кидс и Македонија Ѓ.П

Пионерските екипи на ФК Вардар денес одиграа пријателски натпревари против повозрасни екипи, на кои остварија победа и пораз.

Генерацијата 2005 предводена од Драган Стефановски-Гаге на теренот на Академијата ја победија генерацијата 2004 на Фудбал Кидс. На овој дуел, црвено-црните дојдоа до висок триумф изразен со резултат 9:0.  Во двете полувремиња од натпреварот, тренерот Стефановски настапи со две различни постави. Уште по првото полувреме ја обезбедивме победата, кога имавме предност од 6:0. Во вториот дел постигнавме уште три нови голови, за конечни 10:0 на овој пријателски натпревар.

По два гола беа дело на Никола Величковски и Арбин Курти, додека по еден гол постигнаа Тино Спасиќ, Дамјан Цикарски, Никола Уневски, Матеј Николовски и Михаил Кузмановски.

Вардар: Филевски, Здравковски, Стојилевски, Фиданоски, Серафимов, Дошев, Цветков, Спасиќ, Јовановски, Курти и Величковски.

На теренот во Ѓорче, пријателски натпревар одиграа пионерите на Вардар против кадетите на Македонија Ѓ.П. Поуспешен беше противникот кој славеше после резултатски пресврт со резултат 2:1. Иако игравме со повозрасен противник дадовме голем отпор, дури и први успеавме да го отвориме резултатот со голот на Лука Ивановски. Сепак во последните десет минути од натпреварот, тимот на Македонија Ѓ.П постигна два гола и оствари победа со резултат 2:1

Вардар: Ангелов, Ивановски, Каровски, Љушев, Јаневски, Анчевски, Стојановски, Хајдари, Попов, Перковски и Ибраим.

На овој натпревар тренерот Тодоровски настапи без Ричков, Здравковски, Стоимов и Милошевски.