За следниот викенд, односно на 17/18.октомври е закажан стартот на новата натпреварувачка сезона во младинските фудбалски лиги.
Вкупно 12 екипи ќе се натпреваруваат во четирите најсилни младински лиги. Тоа се екипите на Вардар, Шкендија, Работнички, Шкупи, Македонија Ѓ.П, Њу Старс, Академија Пандев, Пелистер, Победа, Еуроспорт Куманово, Ренова и Брегалница.
Одреден е и распоредот на одигрување натпревари за есенскиот дел од сезоната, кога ќе се одиграат 11 кола. Се планира есенскиот дел да финишира во првата недела од месец декември.
Екипата на Пелистер е првиот противник за младите надежи на ФК Вардар. Во првото коло, пионерските екипи ќе гостуваат во Битола, додека кадетите и младиците се домаќини на Пелистер. Во второто коло за противник ја имаме екипата на Победа.