Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > ОК Вардар се „прошета“ низ Кисела Вода
ОК Вардар се „прошета“ низ Кисела Вода

ОК Вардар се „прошета“ низ Кисела Вода

Одбојкарите на Вардар лесно и убедливо стигнаа до победата и на вториот овосезонски натпревар, на кој „црвено-црните“ му гостуваа во Кисела Вода на тимот на Јанта Волеј. Иако Вардар настапи ослабен поради неиграњето на Лепидовски и Џамбазов (се наоѓаат во самоизолација поради контакт со заразено лице од Covid-19), нашиот тим доминираше од почеток до крај на теренот, не дозволувајќи победата во ниту еден момент да биде доведена во прашање.

Одличното издание од самиот старт на мечот придонесе првиот сет да заврши со убедливи 25-15 за Вардар, идентичен резултат како и во вториот сет од овој натпревар. Убедливата игра овозможи тренерот Трајковски да им даде одмор на клучните играчи, па така на денешниот натпревар во дресот на Вардар на една прволигашка средба дебитираше и 14-годишниот Теодор Димовски, кој ја оправда довербата на стручниот штаб и даде свој придонес во победата, за убедливи 25-17 во третиот сет.

Стандардно добра игра во вториот овосезонски триумф на „вардарци“ прикажаа Симовски, Стојанов и Илиев. Нашиот тим во следното коло за противник ќе го има составот на Универзитет во Тетово.