Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Васоски: По којзнае кој пат Вардар против Шкендија е драстично оштетен, ова веќе губи секаква смисла
Васоски: По којзнае кој пат Вардар против Шкендија е драстично оштетен, ова веќе губи секаква смисла

Васоски: По којзнае кој пат Вардар против Шкендија е драстично оштетен, ова веќе губи секаква смисла

Вардар денес го загуби дербито од 9.коло во ПМФЛ против екипата на Шкендија. Црвено-црните доживеаа висок пораз со резултат 1:5, а шефот на стручниот штаб, Александар Васоски беше видно разочаран од судиската тројка на овој натпревар.

Тој на својот ФБ профил излезе со статус, во кој го напиша следново:

-Сакам во името на стручниот штаб и играчите да им се извинам на навивачите за тешкиот пораз од Шкендија. Грешката ќе ја барам кај нас, но мора да се напомене катастрофалната судиска тројка на чело со Гоцевски. Два чисти пенали за Вардар, а третиот гол од чист офсајт за Шкендија. По којзнае кој пат Вардар против Шкендија е драстично оштетен, ова веќе губи секаква смисла. И џабе пишувам  кога пак ќе биде народната. Кучињата лаат, караванот си тера, напиша Васоски.

foto