Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар поразен од Шкендија
Вардар поразен од Шкендија

Вардар поразен од Шкендија

Вардар денес во дербито претрпе пораз тимот на Шкендија од Тетово. На дуелот кој се играше на Градскиот стадион тевовчани победија со пресврт, тие триумфираа со 1:5 (1:2).

Иако Вардар одигра солидно прво полувреме, сепак гостинот имаше преднос. Се играше 10.минута, Петковски со супер асистенција за Попзлатанов кој ниско по земја погодува за 1:0. Само четири минути подоцна Рамадани со супер прецизен удар израмни на 1:1. По двата гола, Вардар  имаше уште низа на добри шанси преку Петровиќ, Мицевски, Петковски, но изостана реализацијата. Следуваше казна преку Ахмеди за 1:2, резултат по првиот дел.

Вардар сакаше да изедначи, на почетокот од вториот дел се гледаше желбата за враќање на резултатската симетрија. Шкендија се одлепи на комотни два гола предност, се играше 61.минута, Ибраими усепа да го совлада Илиќ за водство со 1:3. Гостите се занија и воо 70.минута со удар од косо, сепак Филип Илиќ успеа да исфрли во корна и да го спаси нашиот гол.  Во 81.минута по една топка од средината на теренот, успешно зад нашата одбрана се уфрли Тотре. Противничкиот играч немаше тешка задача, беше очи во очи со нашиот голман и погоди за 1:4.  Конечните 1:5 беа поставени на пет минути пред крајот регуларните 90.минути. Беше напрвен пенал врз Ахмеди, истиот играч го погоди ударот од 11.метра. Шиле се закани во последните 30.секунди, ја мина одбраната и ја погоди стативата. Тоа беше последна шанса на овој дуел.