Денес, недела 18.октомври во малата сала при С.Ц „Јане Сандански “ во Скопје тимот на ЖРК Вардар ја пречекува екипата на РК Кузман Илинден.
Натпреварот е дел од 8.коло во сениорската лига, во истиот ние влегуваме како фаворити. Црвено-црните дами се максимални со 18.бода од одиграни 6 меча и единствени со Куманово без пораз во лигата. Противникот е без бодови на дното на табелата со екипите на Пелистер и Ѓорче Петров кои исто така немаат досега победа.
За дуелот кој е закажан во 15:00 часот РФМ ги делегираше за судии: Мартин Јовановски и Сашо Јанкулоски од Прилеп.