Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерациите 2007 и 2010 одиграа пријателски натпревари со екипата на Академија Пандев
Генерациите 2007 и 2010 одиграа пријателски натпревари со екипата на Академија Пандев

Генерациите 2007 и 2010 одиграа пријателски натпревари со екипата на Академија Пандев

Вчера на теренот на Академијата, гостин на нашите млади надежи беше екипата на Академија Пандев. Со овој противник одигравме пријателски натпревари со генерациите 2007 и 2010.

Генерацијата 2007 која е предводена од Горан Петрески успеа да излезе како победник во дуелот со Академија Пандев. Црвено-црните триумфираа на натпреварот со резултат 3:2. Сите три гола за Вардар беа дело на еден ист играч, се работи за Стефан Младеновски. До самиот крај на натпреварот, Вардар беше во водство од 3:0, но во последните две минути прими два гола, за струмичани да го ублажат поразот. Прикажавме одлична игра, штета што победата не беше изразена со повисока разлика.

Генерација 2010 предводена од Игор Кралевски се сретна со тимот на Академија Пандев. Овој дуел заврши реми 2-2, победата ја имавме во раце, но примивме гол во финишот.  По наша грешка противникот поведе со 0-1, ние атакуавме на пресврт и дојдовме до него. Најпрвин за 1-1 срелаше Васоски Петар, пресвртот го донесе Далибор Марковиќ.  Одигравме прекрасен наптревар, покажавме завидно ниво, за жал противникот изедначи   буквално на крајот од овој дуел.

На натпреварите со Акад.Пандев присуствуаше и спортскиот директор на репрезентацијата на Македонија, Масев Данчо.

ФК Вардар генер.2010 одигра натпревар и со тимот на ФК Гостивар. Момците на овој дуел влегоа мотивирани ја посакуваа победата и дојдоа до неа на убедлив начин. Триумфот дојде со резултат 5:0 на оваа средба, ние доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра на дуелот.