Македонската фудбалска репрезентација до 17 години на 20 и 22.октомври на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе одигра контролни натпревари со соодветната селекција на Србија.
За овие натпревари, селекторот на Македонија, Драган Канатларовски, повика тројца играчи од редовите на Вардар. Се работи за Георг Стојановски, Бесар Гуџуфи и Игор Јаневски.
Собирот на репрезентативците е закажан за денес во Хотел Парк.