Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Женскиот тим на ОК Вардар со уште едно големо засилување, во Скопје пристигнува репрезентативка на Куба
Женскиот тим на ОК Вардар со уште едно големо засилување, во Скопје пристигнува репрезентативка на Куба

Женскиот тим на ОК Вардар со уште едно големо засилување, во Скопје пристигнува репрезентативка на Куба

Женскиот одбојкарски тим на Вардар подготвува уште едно големо изненадување.

Откако претходно потпишаа договор со Дарја Аврамчук, во ОК Вардар ќе пристигне уште едно големо засилување. Се работи за Аидачи Атила Агуеро Агилера која има 21 година и е актуелна репрезентативка на Куба. Агилера досега настапуваше во својата земја, за екипата на Камагуеј.

Наводно се уште се преговара за нејзниот потпис, но во наредните денови може да се официјализира од страна на клубот.

Инаку, ОК Вардар и со машкиот и женски тим ќе играат во Европските натпреварувања, и тоа во ЦЕВ Челинџ- Купот.