Младиот женски ракометен тим на Вардар, кадетскиот состав кој во претходната сезона дојде до две титули, пионерска и кадетска, ги троши последните слободни денови. Платон Анжела и Марија Папуџиева се подготвуваат да ги започнат активностите за новата сезона.
„Лавиците“ летните подготовки ќе ги стартуваат во среда, 5.август. Истите започнуваат во 18-00 часот со состанок, односно половина час покасно со првиот тренинг. Овој тим ги задржа сите играчи од минатата сезона, првите тренинзи ќе бидат на кејот на реката Вардар, во близа на Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.