Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > ОК Вардар со ревијален турнир по повод 75.годишнината
ОК Вардар со ревијален турнир  по повод 75.годишнината

ОК Вардар со ревијален турнир по повод 75.годишнината

Одбојкарскиот Клуб Вардар е создаден далечната 1947 со самото основање на Спортското друштво Вардар. Тие годинава, како и кошаркарскиот и фудбалскиот клуб прославуваат 75 години постоење.

По тој повод овој викенд црвено-црниот одбојкарски колектив организира ревијален турнир на кого освен домаќинот ОК Вардар учество ќе земат уште и ОК Партизан од Белград и ОК Струмица 47 од Струмица.

Турнирот ќе го отворат екипите на ОК Струмица 47 кои во сабота од 19.30 часот ќе играат против Партизан, додека во недела во истиот термин ќе се сретнат екипите на ОК Вардар и ОК Партизан од Белград.