Утрово фудбалерите одржаа ,,зимски” тренинг, но тоа не ги спречи да го дадат својот максимум во еден од последните тренинзи за првиот дел од подготовките пред заминувањето за Анталија во понеделник.
Вардар досега се засили со повратниците Филип Гачевски и Дарко Мицевски, Ване Јованов и младиот Иван Мицевски кој се врати од позајмица. Планирани се уште најмалку две нови имиња, во офанзивната линија на тимот.