Фудбалскиот клуб Вардар тренира на Хиподром, пред заминувањето за Анталија, каде ќе бидат одработени главниот дел од подготовките во пресрет на стартот од пролетниот дел од сезоната.
Веќе се познати три контролни натпревари за црвено-црните во Анталија. На 28.јануари ќе играме со екипата на ФК Полиса од Украина. На 1.февруари не очекува натпревар со екипата на Ростов Дон од Русија, додека на 4.февруари силите ќе ги одмериме со екипата на ФК Томск исто така од Русија.
На 24.јануари, вардарци заминуваат во Анталија.