Се комплетираше стручниот штаб на Вардар1961. Од денеска на тренинзите е и Венио Лосерт кој е тренер на голманите. Во стручниот штаб на Давид Дејвис, се уште и Владо Недановски и Стојан Петрушевски.
Екипата се подготвува во Скопје, а наскоро ќе се приклучат и оние што настапуваа на ЕП, а чии репрезентации ги завршија настапите. Тоа се Мартин Томовски, Стојанче Стоилов, Филип Талески, Гоце Георгиевски, Марко Мишевски и Дарко Ѓукиќ. Се уште активни на ЕП се Патрик Валчак, Јан Чувара и Анте Гаџа.