Тренерот на Вардар, Давид Дејвис на покана на EHF Activities беше дел од Мастер Коуч семинарот во Будимпешта каде имаше предaвање пред повеќе од 20 присутни тренери.
Покрај предавањето, тренерите кои го посетуваат Мастер Коуч семинарот имаа можност и да му постават прашања на Давид Дејвис, а тој со задоволство се обидуваше да одговори на сите нивни желби да дознаат некоја тајна плус.