Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетски клуб Вардар, формирање и историја

Атлетски клуб Вардар, формирање и историја

Атлетскиот клуб Вардар е формиран во 1947 година со самото
формирање на спортското друштво Вардар.
Со своите постигнувања во изминатите 40 години спаѓа во најуспешните здружени спортски клубови.Со години овој клуб бил најквалитетна атлетска организација во нашата Република,а со години била и една меѓу најдобрите во нашата земја.

clip_image002

Првенство на АРМ во крос-кантри, прво место, 19 Март 2014г. Касарна – Кичево! 1. Петре Завировски 2. Мите Папазовски 3. Адем Јалчин

 

Посебно треба да се одбележи дека Атлетскиот клуб Вардар од Скопје го даде и првиот државен репрезентативец,покојниот Лазо Милошевски.Не може а да не се истакнат од постарите наши атлетичари: Герасимовски,Крањец,Шекеринова,Цветановски,Сулејманов,Уневски и многу други.

За истакнување биле и помладите наши атлетичари кој се истакнале во тоа време,државни репрезентативци:
Сотир Гавриловски – Победник на 1500 метри во Франција,и на Балканскиот крос во Букурешт.
Сокол Сачевски – 6 пати настапувал за младинската репрезентација на Југославија,има освоено 3 медали,а на тримечот во Париз 2 медали.
Ристо Павлов – бил државен репрезентативец во крос на натпреварите во Романија,и уште многу други атлетичари.

Leave a Reply