Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Историја > Боречки клуб Вардар

Боречки клуб Вардар

Боречкиот клуб Вардар е формиран 1960 година,и може слободно да се каже дека е еден од оние клубови што постигнале одлични резултати и од чиј редови излегле голем број на државни репрезентативци.
Овој клуб бил член на првата сојузна боречка лига и со години бил шампион на Југославија и учесник на голем број мегународни натпревари. Под раководство на нашиот познат тренер Бојан Рангелов,кој со успех ја водел екипата,и денес се постигнати извонредни резултати и во поединечна конкуренција.
Треба да се истакне дека нашиот клуб,го даде и првиот олимпиец.
Борче Димовски бил учесник на Олимписките игри во Мексико.
Исто така треба да се истакне и успехот на еден од нашите најдобри борачи од тоа време,покојниот Сефер Салиловски,кој донесе бронзен медал од Европското првенство.

aa

Тефик Демири Балкански Шампион во борење

Борче Димовски беше учесник и на светското првенство каде што во една од најсилните конкуренции го освои четвртото место,па така таа година стана и спортист СР Македонија.
Тефик Демири исто така беше учесник на Европското првенство во Манчестер каде го освои третото место и бронзениот медал.
Инаку наспатувајќи за Југославија следниве наши борачи се закитија со балкански прваци (медали):
Борче Димовски,Тефик Демири,Сефер Салиовски,Чедо Николовски,Мирко Димчевски,Ацо Јордановски,Душко Живковски,и Ристо Дарлев.

Leave a Reply