Младинките на Жрк Вардар се освојувачи на турнирот-Вардар“еден живот,една љубов“ кој беше во организација на ракометниот клуб Вардар.Турнирот се играше на три локации во четири сала во Скопје:во двете сали во СЦ „Јане Сандански“, во СРЦ Кале и во ОУ „Круме Кепески“ во Кисела Вода.
1.ЖРК Вардар-Жрк Чаир 32:10
2.ЖРК Вардар-Жрк Ѓорче Петров 23:11
-Ова е прв организаиран турнир на ракометниот клуб Вардар,и истиот беше добро смислен и реализиран.Организацијата беше на високо ниво,и реализирана во четири сали и четири категории.Немаше никави пречки при играта,но и надвор од истата.Во јуниорска категорија учество земаа три екипи.Успеавме да ги совладаме и двете екипи со убедлив резултат,па затоа и наградата не беше неминовна.
-Нина Ладева ја понесе наградата за најдобар голман на турнирот.
-Го освоивме турнирот,а притоа собравме и добар дел од наградите.За мене како најмлад член во екипата,наградата најдобар голман 96/97/ предствавува потик и мотив за понатамошна надоградба како врвен голман,изјави Нина Ладева за нашиот сајт.
19.01.2015
Звонко Ивановски