Македонскиот репрезентативец Могамедгаџи Нуров со 4 победи се избори за Финале до 97кг на силниот Меѓународен турнир во борење „Али Алиев“ во Касписјк, Дагестан-Русија. Денес настапи со успех во истото.
За противник го имаше Тажудинов од Русија, победник на Хасајуртовскиот турнир, кој во последните секунди го победи европскиот и светскиот првак Балтукаев од Чеченија, Русија. Нашиот борач стигна до злато со победа 6-1 во оваа категорија (97кг).
Во меѓувреме во Белград, на Президен Купот нашата Бојана Лазаревска дојде до бронза т.е го освои 3.место.