Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Само бод во Кавадарци, РК Вардар не ја одбрани титулата во Супер Лигата
Само бод во Кавадарци, РК Вардар не ја одбрани титулата во Супер Лигата

Само бод во Кавадарци, РК Вардар не ја одбрани титулата во Супер Лигата

РК Вардар не успеа да ја одбрани титулата во Супер Лигата, откако вечерва одигра со нерешен резултат на гостувањето кај екипата на Тиквеш. Конечниот резултат гласеше 32:32, додека на полувреме домашниот тим имаше предност од 18:15.

Во најголем дел од првото полувреме екипата на Тиквеш имаше предност, која во еден момент гласеше и пет гола разлика, но до истекот на првите 30 минути, црвено-црните се вратија на достојна негатива, па на одмор се замина со резултат 18:15.

Тиквеш во второто полувреме водеше и со шест гола разлика, но избраниците на Недановски се вратија во игра кога го иразмнија резултатот на 31:31. Моралес погоди за предност на Вардар, но Симиќ погоди во следниот напад за домаќинот кој успеа да освои бод во дуелот со двократниот Европски Шампион.

Во нашите редови најефикасен беше Манасков со 10 гола, додека Моралес и Фереира постигнаа по 7.

Еурофарм Пелистер славеше на гостувањето кај Охрид и по 18 години успеа да стане шампион на Македонија.