Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардар поразен и од Блокотехна
Вардар поразен и од Блокотехна

Вардар поразен и од Блокотехна

Блокотехна лесно и убедливо го победи нашиот Вардар во Кале 67-88 и му го нанесе четвртиот пораз. Нашите кошаркари беа рамноправни во првата, третата и четвртата четвртина, но ја загубија втората со катастрофални 18 поени разлика доволни за нов неуспех.

Главчев и Мијатовиќ со по 20 поени беа најпрецизни и единствени двоцифрени во победничкиот табор, додека кај домаќините се истакнаа Провел со 20 и Радос со 13 поени.

Вардар го запиша четвртиот пораз и заедно со Охрид и Шкупи ја делат „фенерџиската“ позиција.