Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Ф4 М16: Вардар ќе го предизвика Бадел 1862 во битката за шампионскиот пехар
Ф4 М16: Вардар ќе го предизвика Бадел 1862 во битката за шампионскиот пехар

Ф4 М16: Вардар ќе го предизвика Бадел 1862 во битката за шампионскиот пехар

Ниту вториот полуфинален натпревар од финалниот турнир во М16 лигата-жени, не донесе преголема неизвесност.

Кошаркарките на Вардар покажаа многу повеќе од своите колешки од редовите на МЗТ Скопје, и сосема заслужено, утре вечер, (од 19.30 часот), против Бадаел 1862 (претходно подобар од Струга 2009, ќе се борат за победничкиот трофеј во овој сегмент од младинските лиги.

ВАРДАР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ   92:54

По само четири минути игра во вториот полуфинален натпревар, „вардарки“ дојдоа до првото поголемо водство. Поведоа со (15:5), и тоа го одреди и понатамошниот тек на натпреварот.

Апсолутно поквалитетни, но и побројни беа младит екошаркарки на Вардар во однос на својот ривал, кој практично тоа прво полуврене го одигра со стартните пет.

Сериозне проблем и за поквалитетни ростери од овој кој го има МЗт Скопје Аеродром на овој турнир.

„Видливо“ и во резултатот, кој покажуваше и (25:9) по девет минути од првата четвртина, коај заврши со нешто пониски (25:11).

Знак за тренерот на Вардар, Јасмина Герасимовска-Николиќ да одлучи со поголем број на ротации, и да „користи“ две петорки, двојно повеќе во однос на ривалот во ова полуфинале.

Измените не донесоа и промени, ниту во играта, ниту во резултатот.

Напротив, со серија до (10-0), во неполни три минути од втората четвртина, Вардар дојде и до плус од 20.поени (35:11), разлика која беше константна, се до самиот финиш на првото полувреме во кое девојките од Аеродром, намалија само еден поен од таа висока негатива, за конечни (28:47) по 20.минути од полуфиналето број 2.

Николиќ веќе имаше 12 поени, а Џангаровска уште 10 кај Вардар. Максимовска и Дечковиќ пак постигнаа по осум за МЗТ Скопје Аеродром во првиот дел од играта.

Оној вториот, барем третиоt дел, помина во доста порамноправна игра.

Извесно, „вардарки“ сакаа да сочуваат сили за настапот во финалниот меч, од друга страна младите „металки“ играа доста поопуштено по оној евидентен притисок кој го имаа во првото полувреме.

Се „спуштија“ на -15, (43:58), но за кратко, затоа што Вардар, доста брзо, ја врати разликата, на дури и уште повисока (67:43) во 29.минута.

Минута подоцна, на истекот на третиот период (67:47).

Николиќ сопре на 19.поени, Џангаровска на16, Трајковска 12, а А. Начевска и уште десет поени, но доста поголем „простор“ добија и другите кошаркарки од Вардар.

Дечковиќ даде 17.поени, Максимовска 13, а Малиновска уште 12 за поразената екипа.

Денес попладне, од 17.часот, во „малото финале“ ќе играат МЗТ Скопје и Аеродром, а нешто подоцна, од 19.30.часот, големото финале е резервирано за младите состави на Вардар и на Бадел 1862.

М16 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР

РЕЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ

Бaдел 1862 – Струга 2009         56:26

Вардар – МЗТ Скопје Аеродром         92:54

7.ЈУНИ (СРЕДА)

ЗА ТРЕТО МЕСТО

17.00: Струга 2009– МЗТ Скопје Аеродром

ФИНАЛЕ

19.30: Бaдел 1862 – Вардар

* Сите натпревари се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје