Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар со победата над Гостивар е нов прволигаш
КК Вардар со победата над Гостивар е нов прволигаш

КК Вардар со победата над Гостивар е нов прволигаш

Овој викенд се одигра ново (предпоследно) коло во кошаркарската втора лига на Македонија. Нашиот КК Вардар на овој дуел го пречека конкурентот за второто место екипата на КК Гостивар. Нашите момци ја продолжија и на овој натпревар победничката серија, па така во саботата беше победен и тимот на Гостивар 2015.

КК Вардар овој најважен натпревар оваа сезона го доби со резултат 72:61, по што стана се јасно, КК Вардар следната сезона ќе биде дел од првата лига на Македонија. Во моментов имаме скор од 14 победи и 3 порази, а ни преостанува уште еден натпревар и тоа против Водњански Лисици во сабота. Честитки до КК Вардар за овој успех.