Кошаркарите на Партизан Мулти Шпед ја освоија шампионската титула во М-14 откако во финалниот натпревар славеа над Вардар со резултат 73-84.
Кај нашиот тим, најрасположен за игра беше Мартин Оровчанец со 21 поен и 12 скоска, двоцифрени беше само уште Бојан Стефановски и тоа со 17 поени и седум скока, Дино Муриќ постигна 9. Кај победничкиот тим прв стрелец беше Виктор Стојковски со дури 27 поени и 20 скокови, со шут од игра 11/20.