Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Младите Вардарци ќе се борат за третото место по поразот од МЗТ
Младите Вардарци ќе се борат за третото место по поразот од МЗТ

Младите Вардарци ќе се борат за третото место по поразот од МЗТ

Јуниорите на МЗТ Скопје Аеродром го совладаа нашиот Вардар и заслужено се пласираа во големото финале. Нашите надежи вчера во „Градски парк” немаа многу расположени играчи па така го загубија дуелот со резултат 87:72 или по четвртини (15-22; 25-11; 25-18; 22-21).

34199791_395203714327824_8116849175615766528_n

Кај тимот на МЗТ Скопје Аеродром доминираа Дамјан Миса со 23 поени и веќе првотимецот на МЗТ Настовски, кој уфрли 17 поени. Кај нашиот тим Тодоровски уфрли 18, Данилов 17, а Божиновски 11.

Вардар во малото финале ќе се сретне со тимот на Феникс 2010.