Tuesday ,10 December 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Шампионии… ЖКК Вардар М16 го освои пехарот
Шампионии… ЖКК Вардар М16 го освои пехарот

Шампионии… ЖКК Вардар М16 го освои пехарот

„Вардарки“ направија голема предност уште во првото полувреме, и лесно го совладаа Бадел 1862 (77:59) доволно за шампионска титула

ребаше да биде вистинско финале… Но од тоа, барем кога е во прашање, некоја драматика, неизвесност, она што со себе носи еден меч, каде влогот е титула – во дуелот помеѓу екипите на Вардар и на Бадел 1862, немаше.

Женската селекција на Вардар е освојувач на М16 лигата за сезоната 2022/0223.

БАДЕЛ 1862 – ВАРДАР    59:77

И повеќе од заслужено, ако се земе в предвид дека освен во воведните минути на финалето во СРЦ „Кале“, кадетките на Вардар доминираа на теренот.

Ги предводеше Ања Начевска, која во тие 20.минути од играта во кои нејзината екипа се стекна со висока предност, реализираше 17. поени. Но многу поголме, се чини, беше нејзиниот придонес во одбраната. Затвори доста напади на противничката екипа.

Имаше младата репрезентативка нешто помалку поени од комплетната екипа на Бадел 1862 која комплетираше 44.

На полувремето, семафорот покажуваше големи (44:26) за девојките цо „црвено-црна“ комбинација.

Имаа уште повисоки (50:26) на почетокот на третата четвртина оние во кои Николиќ стана втората „двоцифрена“ кај Вардар. Брзо дојде до десет поени, и се награди себеси за несебичната, пожртвувана игра во претходниот дел од финалето.

Овој двоец и го одржуваше тоа високо водство на Вардар во третиот дел од играта. Само на моменти, „баделки“ успеваа да се „спуштат“ под таа негатива од дваесетина поени. Но не и нешто повеќе од тоа.

Овој двоец и го одржуваше тоа високо водство на Вардар во третиот дел од играта. Само на моменти, „баделки“ успеваа да се „спуштат“ под таа негатива од дваесетина поени. Но не и нешто повеќе од тоа.

По 30.минути веќе и немаше дилеми, Вардар е кадетски државен првак на Македонија за сезоната 2022/2023.

Начевска го заврши финалето со 26. реализирани поени, имаше и девет скока. Николиќ и Џангаровска пак постигнаа по 14. поени.

Ова финале кај Бадел 1862 ќе го памети Чолакоска, која реализираше 14.поени. И беше единствената со двоцифрен број на поени во екипата која ги освои сребрените медали.

М16 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР

РЕЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ

Бaдел 1862 – Струга 2009         67:32

Вардар – МЗТ Скопје Аеродром         92:54

ЗА ТРЕТО МЕСТО

Струга 2009– МЗТ Скопје Аеродром 30:43

ФИНАЛЕ

Бaдел 1862 – Вардар      59:77