Поради Корона вирусот, односно почетокот на рестрикциите не се доигра последното, 14.коло во Македонската кугларска лига. Остана за доигрување и целиот натпреварувачки дел во Купот на Република Македонија. Сепак поради ситуацијата федерацијата вчера одржа состанок на кој се донесоа одлуки. Во информацијата се вели:
3аседаваше Извршниот одбор на КФМ и донесе Одлука едногласно со 6 гласови (Претседател, Потпретседатели ×2, претставник на Макпетрол, Вардар и 18 Август) МКЛ да се прогласи за завршена, без да се одигра последното 14-то коло, со пласман на екипите согласно завршеното 13-то коло каде што Макпетрол е шампион, ГТЦ – Мусандра втор, Пелистер 1982 трет, Вардар 2014, ТКС Империал Тобако и 18 Август, додека кај девојките прва е екипата на ГТЦ Мусандра, втора Пелистер Т&С Холдинг.
Исто така поради ситуацијата со Корона-вирусот традиционалниот КУП оваа година нема да се одржи. На денешниот состанок беа гости Претседателите на Натпреварувачка и Судиска комисија и претставник на женската екипа од Битола.