Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дисингер: Реков ако се случи чудо останувам во Вардар, Михајловски понуди амбициозен проект
Дисингер: Реков ако се случи чудо останувам во Вардар, Михајловски  понуди амбициозен проект

Дисингер: Реков ако се случи чудо останувам во Вардар, Михајловски понуди амбициозен проект

Германскиот интернационалец во редовите на  Европскиот првак, Кристијан Дисингер и дефинитивно останува во редовите црвено-црните.  Бекот  и Михајло Михајловски се договориле, па Стевче Алушовски ќе може да смета на ракометарот и понатаму.  Вардаровиот играч во  интервју за германски „Морген“, вели дека се чувствува добро во Македонија, а во „црвено-црниот“ дрес го задржале сопственикот Михајло Михајловски кој гарантирал дека финансиски клубот нема повеќе да трпи, како и новиот проект. Дефинитивно се поклопија коцките за негово останување.

Со мојот менаџер и со претседателот Михајло Михајловски ги завршив формалностите, јас останувам во Скопје и догодина. Се што се случи, го движеше Вардар во добра насока. Не сакам повеќе да почувствувам сезона како изминатата. Не беше воопшто забавно, затоа што платите ни доцнеа со месеци. Беше тешко да се фокусираш на ракометот. Сега сум уверен дека ќе биде многу подобро. Претседателот Михајловски ни кажа дека се ќе биде во ред. Немам причина да се сомневам во него, затоа што тој е сериозен човек. Не сум единствениот играч што размислува така. Многу играчи останаа, тука се Стоилов, Чупиќ, Дибиров… Сакаме да му дадеме шанса на овој проект, веруваме дека ќе изградиме нешто ново заедно со помладите играчи- вели  Дисингер.