Навивачката група на Вардар, популарните „Комити“, објавата на „Комити“ за маршот ви ја пренесуваме во целост:
На денот на нашиот роденден го најавивме маршот за Вардар.
И сега точно во 19:4 го закажуваме за 22 јули, точно 47-миот ден по нашиот роденден, денот кога формално правно во 1947 година, со фузија на тогашните фудбалски клубови Победа и Македонија настана фудбалскиот ллуб Вардар.
Ги повикуваме сите којшто на било кој начин учествувале во неговото создавање и градење…Повик до сите оние кои ги бранеле и бранат на било кој начин неговите бои, поранешни и актуелни – играчи, стручен штаб, спортски работници, функционери, секретари, претседатели, членови на управни и надзорни одбори, членови на собрание на клубот, спонзори, финансиери, градоначалници на Скопје и пратеници на собранието на Град Скопје, раководители и делегати од ПУИГ…
Повик до сите оние кои барем еднаш биле на „Градски стадион“, за да го гледаат Вардар, љубители на фудбалот и црвено-црните бои, симпатизери, фанови, навивачи, Ултраси, Вардарци, Комити, Македонци и сите останати на кои Вардар им е при срце…
Повик до сите здруженија, спортски, културни работници, уметници, патритски и други здруженија, слободни граѓани…
Припадници на сите политички партии, заедно еден до друг, да заборавиме на политика барем еден ден и да се сплотиме за една големина позади која се идентификува голем дел од македонскиот народ.
Сите заедно затоа што Вардар е срцето на Скопје, душата на Македонија!
Да одвоиме еден час од своето време и заедно да зачекориме сите ние, од разни сфери на општеството, од Скопје, од Македонија – само и единствено – За Вардар!
Маршутата на маршот кој е во организација на „Комитите“ дополнително ќе биде објавена.