На овој денешен ден, 06.06.2017 година, македонскиот ракометен клуб Вардар го имаше најголемиот спортски дочек во нашата историја.
Откако Вардарци направија сензација и го победија тимот на ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите, беа дочекани од над 100.000 илјади ,,црвено – црни” навивачи на ,,Плоштадот Македонија”.
По две години, во 2019, Вардар го повтори успехот и повторно стана владетел на ракометна Европа, овој пат втор во својата историја.