Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар утре ги “пали моторите”
ЖКК Вардар утре ги “пали моторите”

ЖКК Вардар утре ги “пали моторите”

Релативно кратка зимска пауза имаат дамите од црвено-црниот кошаркарски колектив. Жаклина Стојановска утре ќе го има првиот официјален тренинг во 2021 година.

ЖКК Вардар утре ги “пали моторите” со собир во салата Кале. Есента одигравме само четири меча кои ги добивме во наша корист. Ние сме лидери на табелата со максимални 8.бода во групата Исток. Пред нас е долга кошаркарска пролет има многу мечеви за играње од лигашкиот дел и целиот тек на Купот на Република Македонија.