Денес на програмата се натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година. На терените ќе излезе еден играч на Вардар, се работи за повратникот во репрезентацијата на Германија, тоа е Кристијан Дисингер.
Левиот бек на Вардар е во комбинација за денешниот дуел на Германија против селекцијата на Австрија. Натпреварот ќе започне од 18:00 часот, а ќе се одигра во познатата „Ланксес Арена“ во Келн.
Дисингер ќе биде дел од составот на Германија која ќе се натпреварува на СП во Египет, кое стартува на 13.јануари, додека Германија својот прв дуел ќе го одигра на 15.јануари против репрезентацијата на Уругвај.