Девојките на ЖРК Вардар моментално се на зимска пауза, истата полека истекува остануваат десетина дена одмор. За разлика од сите други тимови црвено-црните први ги одиграа дуелите во лигата, потоа тренираа се до десетина дена пред новата година од кога се на пауза.
Почетокот на пролетните подготовки начелно е закажан за на 18 јануари (понеделник), Ристова Драгана ќе ги собере девојките во Спортскиот центар „Јане Сандански“. Вториот член на стручниот штаб, Александар Царчев можно е да не биде на собирот доколку Македонија биде повикана на СП каде е „прва резерва„ за настап. Пред нас се голем број на предивици оваа пролет, вториот дел од лигата, Купот на РМ и евентуалните дуели во младинската лига.