Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Македонија повторно подобра од Чиле, Филип Талески стрелец на 3 гола
Македонија повторно подобра од Чиле, Филип Талески стрелец на 3 гола

Македонија повторно подобра од Чиле, Филип Талески стрелец на 3 гола

Македонската ракометна репрезентација ја забележа и втората победа на контролните натпревари со Чиле. Вечерва во С.Ц. Јане Сандански, момците на Брестовац го совладаа противникот со резултат 28:24

До средината на првото полувреме се играше гол за гол и ниту една од репрезентациите не успеа резултатски да се одлепи. После тој период следеше серија на погодоци за Македонија која успеа да се одлепи на солидна позитива од шест гола разлика. Сепак, до крајот на првото полувреме, Чиле се погрижи да ја намали негатива, па на одмор се замина со резултат 16:12.

Во вториот дел, Македонија имаше контрола на резултатот и ниту во еден момент не му дозволи на Чиле резултатски да се доближи. Шанса добиваа сите ракометари, а Македонија оствари победа со резултат 28:24. Иако Стоилов тренираше изминативе денови, сепак денес не беше во составот, додека го немаше ниту капитенот Кирил Лазаров.

Единствен вардаров играч кој се запиша во листата на стрелци беше Филип Талески кој одигра добар натпревар постигнувајќи 3 голови.

ФОТО: 24 ракомет