Нашиот атлетичар, Петре Завировски се подготвува за старт на својата 14 професионална сезона. Во изминатиот период неговите подготовки се одвиваа одлично.
Интензитетот и обемот беа одлични но изминатите 10-тина дена имаше прекин во процесот поради тоа што Завировски имаше грип. Па така наредната седмица ќе биде искористена за влегување во добар ритам и продолжување на тренинзите на високо ниво. Како што веќе знаеме Петре Завировски настапува за Вардар од 2010 година и е еден од спортистите во црвено црниот колектив со надолг стаж. Митата сезона беше фантастична за Вардарецот. Ако не најдобрата една од најдобрите сезони во неговата богата кариера. Неофицијално „дежа ву“ на сите претходни сезони својата 14-та сезона Завировски ќе ја стартува со Армијата на Република Македонија на 18 февруари. Во пресрет на новата сезона Завировски ни изјави:
“За желби имаме многу желби, но најважно е да уживаме во ова. За мене најубавиот момент е застанувањето на стартната линија во дресот на Вардар се останато е бонус. Во декември одработив одличен месец на подготовки. Со истото темпо продолжив во јануари за време на новогодишните и божиќни празници тренирав максимално. Имав одличен обем и интензитет но изминатите 10 тина дена имав грип, поради што не бев во можност да тренирам. Но тоа е мала пречка на патот во минатото сме се соочувале со многу тешки повреди секогаш сум се враќал посилен. Амбициите за следната сезона се високи како и секогаш. Но многу е тешко да се стигне до едно ниво, уште потешко е истото да се одржува или напредува. Но тука сум да дадам се од себе, секојдневно се залагам да се подобрам. Минатата сезона беше одлична за мене, но тоа е веќе поминато. Сега се фокусирам на тоа што следи. Воопшто нема да биде лесно но ќе дадам се од себе, очекувам да биде добро. Имаме период многу турбулентен за нашиот најстар брат ФК Вардар мене многу ме погодува состојбата на ФК Вардар бидејки Вардар и спортот ги засакав поради ФК Вардар. Тука сум од самиот почеток и ќе останам до крај заедно со Вардар. Вардар живее и ќе живее!!!