По пауза од еден месец, овој викенд продолжуваат и натпреварите од Втората лига, а ќе се игра 12 коло.По првиот круг од натпреварувањето, екипата на Вардар се избори за првата позиција, и е на еден чекор пред конкуренцијата во која се уште и екипите на Ангели, Соколи 1933 и Работнички кои заостануваат по еден бод, а веднаш зад нив се ГКК Охрид, односно МКК Куманово.
А овој круг од натпреварите носи со едно локално дерби, од 19.30 часот, во салата „Независна Македонија“, кошаркарите на Ангели го дочекуваат токму лидерот во оваа конкуренција – Вардар.
Нтпто порано ќе има и возбудувања во Штип, каде од 18.шасот, екипата на Соколи 1933 е домаќин на МЗТ Скопје Уни Банка.
Два часа порано пак во Куманово гостува младиот состав на Работнички 2018, па извесно е дека овие три меча ќе „влијаат“ на изгледот на табелата.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
ДВОЈКИ 12. КОЛО
28.ЈАНУАРИ (САБОТА):
16.00: МКК Куманово – Работнички 2018
Сала „Перо Наков“ – Куманово
18.00: Соколи 1933 – МЗТ Скопје Уни Банка
Сала „Јордан Мијалков“ – Штип
19.30: Ангели – Вардар
Сала „Независна Македонија“ – Скопје
29.ЈАНУАРИ (НЕДЕЛА):
12.00: Шкупи – Црн Дрим
Сала „Илија Хаџи Николов“ – Скопје
15.30: Баскет Кам – Борец Баскет
Сала „Кирил И Методиј“ – Македонска Каменица
31.ЈАНУАРИ (ВТОРНИК):
15.00: Водно Санс – ГКК Охрид
СЦ „Борис Трајковски “- Скопје
ТАБЕЛА: Вардар 20, Ангели 19, Соколи 1933 19, Работнички 19, ГКК Охрид 18, МКК Куманово 17, МЗТ Скопје Уни Банка 16, Водно Санс 16, Шкупи 15, Борец Баскет 15, Баскет Кам 13, Црн Дрим 12