Пред околу две седмици, на кејот на реката Вардар се оддржа првиот спортски настан во Македонија по пандемијата со корона вирусот. Станува збор за не секојдневна атлетска трка ХалкЕко Хронометар 10км.
Односно секој натпреварувач стартува посебно во временска разлика од 30 секунди. Нашиот атлетичар Петре Завировски стартуваше во 6-53-30 и постави време од 41 минута и 8 секунди што во вкупниот поредок беше доволно за 24 место. Тој беше задоволен од својата форма во тој момент. Веднаш потоа, по ден одмор во изминатите две седмици постојано работи на подигнување на формата, здравствената состојба му е во ред, повредите одамна се зад него.
Ги подобрува постојано перформансите, покрај атлетскиот тренинг „уфрла“ и други активности со цел за подобрување на општата психо-физичка подготвеност и подигнување на левелот на издржливост. Во очекување сме на следниот атлетски настан, Завировски е подготвен за секој следен предизвик.