Свој роденден прославува играчот на Кугларскиот клуб “Вардар“, младиот куглар Георг Поп-Крстев. Ова момче од веќе четири сезони е дел од нашиот црвено-црн кугларски колектив. Тој дојде тивко… и влезе во вардаровите легенди, пред 3 години беше играч кој повеќе од 2 години не кугла, но ја прифати подадената рака на тренерот Драги Димитровски кој насети талент. Година потоа е златното вардарово момче кое во Куп финалето поентираше за злато.