Леовигилдо Жуниор Реис Родригез е следниот кој си заминува од таборот на ФК Вардар. Бразилецот кој во Вардар остави супер трага, за жал си заминува од редовите на ,,црвено – црните” и им се придружува на младите фудбалери кои веќе не се дел од шампионот.
Дознаваме дека Жуниор веќе е во потрага по нова средина и квалитетен тим. Добрите партии во дресот на Вардар му отвараат врата на бразилецот за добар трансфер.
Жуни во минатото се поврзуваше и со трансфер во Партизан, но до тоа не дојде. Можеби и сега ќе има интерес од соседна Србија, останува да видиме.
Штета што уште еден супер играч заминува од Вардар…